Актуелно

Се сее страв: Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар

На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ „Ј.Х. Песталоци“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ “Гоце Делчев“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“ стигнала порака за поставена бомба. Единствено нема потврда за ООУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец.

„Случаите се пријавени во полиција и евакуирани се учениците, наставниот и останатите вработени во училиштата. Полициски службеници вршат антитерористички проверки.

Искрено се надевам дека конечно оваа серија лажни дојави на поставени бомби, кои сериозно не вознемируваат ќе заврши и ќе се открие кој стои зад нив. Уште еднаш повикувам на смиреност и следење на протоколите во овие ситуации“, пишува Горан Герасимовски, градоначалник на Центар.

На почеток