Коментари

Чибишев за новиот протокол за дојавите: „Непрокопсани, играте руски рулет со децата и наставниците!“

Во последната препорака за непречено одржување на наставата која ја донесе Владата на Република Македонија се предвидува наставата да се одржува со физичко присуство и ако има дојава за поставени експлозивни направи наставата да продолжи додека надлежните служби вршат проверка дали дојавата е лажна или не дај Боже е вистинита, вели д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија во Скопје.

„Значи, не сум слушнал досега понесериозна, понепрофесионална, похазардерска и поопасна одлука во која се инволвирани нашите деца и внуци.

Ало непрокопсани, ова е играње „руски рулет“ со учениците и наставниците.

Драги Боже, чувај не од овие неспособни, некадарни и дезориенирани губитници“, додава тој.

На почеток