Коментари

Д-р Чибишев: Во 21. век да ти се случи инфекција со бактерија која ја има само во книги и да ти почине млада жена е трагично

Д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија се огласи за трагедијата во Прилеп каде жена починала од сепса во Општата болница по извршена операција при која во организмот и навлегла опасната бактерија.

„Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа заради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена ( 51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално.

Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните.

Сочувство до семејството на починатата.

Господ нека ја прости!“, вели д-р Чибишев.

На почеток