Актуелно

Американец се обидел да ја отвори вратата за итни случаи во авионот, па ја избол стјуардесата

Маж од Масачусетс е уапсен поради наводен обид да избоде стјуардеса во вратот со скршена метална лажица три пати за време на летот од Лос Анџелес до Бостон во понеделникот, откако претходно се обидел да ја отвори вратата за итен излез,соопштуваат американските медиуми.

Франциско Северо Торес (33) се соочува со обвинение за недозволено мешање со членовите на екипажот и придружниците на летот користејќи опасно оружје.

Торес беше уапсен на меѓународниот аеродром во Бостон Логан во понеделникот и ќе остане во притвор до сослушувањето закажано за четврток.

За време на летот на Јунајтед Ерлајнс од Лос Анџелес до Бостон, екипажот забележал аларм дека некој се обидува да ја отвори вратата во авионот и по проверката, стјуардесата видела дека рачката за заклучување на вратата била истуркана.

Стјуардесата која го видела Торес блиску до вратата отишла да разговара со него, по што го известила капетанот дека верува дека Торес претставува закана за авионот и дека капетанот треба да го приземји авионот што е можно поскоро.

Набргу потоа, Торес, наводно нападнал една од стјуардесите и и нанел убоди во вратот со скршена метална лажица.

Потоа, Торес бил нападнат од други патници на летот и веднаш бил приведен по слетувањето на летот.

Според кривичната пријава, Торес им рекол на истражителите дека скршил лажица на половина во тоалетот во авионот за да ја користи како оружје.

Тој, исто така, им рекол на органите на редот дека се обидел да ја отвори вратата за итни случаи и „добил идеја“ да скокне од авионот.

Торес им рекол на истражителите дека сакал да се одбрани и ја избол стјуардесата бидејќи верувал дека се обидуваат да го убијат, се наведува во жалбата.

„Јунајтед Аирлајнс” соопшти дека му забранила на Торес да лета со нивната компанија по овој инцидент.

На почеток