Актуелно

Тајванскиот министер со порака до Џинпинг и Путин: „Ние не сме идиоти“

Министерот за надворешни работи на Тајван ги критикуваше обидите на Кина да се прикаже себеси како миротворец во конфликтот во Украина, додека „се заканува со војна на самоуправниот остров“.

„ Кина се заканува со војна против Тајван и другите, но сака да ѝ предложи мировен план на Русија, која започна војна против Украина“, објави министерот за надворешни работи Џозеф Ву на Твитер од Министерството за надворешни работи на Тајван.

„ Ние не сме идиоти. Сакате мир? И двајцата автократи треба веднаш да престанат со своите закани, агресија и експанзионизам“, додаде тој.

Неговото очигледно споменување на кинескиот лидер Џинпинг и рускиот претседател Путин доаѓа додека Шји е во тридневна посета на Москва, опишана од Пекинг како „мировно патување“. Путин вчера изјави дека Русија е подготвена да го проучи кинескиот предлог за решавање на ситуацијата во Украина, но западните лидери изразија скептицизам за улогата на Пекинг како мировен посредник.

Тврдењето на Пекинг за неутралност е сериозно поткопано со неговото одбивање да ја признае природата на конфликтот – тој досега избегнуваше да го нарече „инвазија“ – и неговата дипломатска и економска поддршка за Москва.

Кинеската владејачка Комунистичка партија никогаш не го контролирала Тајван, но тврди дека самоуправната островска демократија е нејзина и постојано одбива да ја отфрли можноста за насилно преземање. Кина, исто така, сè повеќе врши воен притисок врз Тајван со редовно испраќање авиони и поморски бродови преку средната линија на Тајванскиот теснец.

На почеток