(ВИДЕО) Графички приказ на ископаниот тунел во Идризово – еве каде требало да излезат бегалците
Дваесет дена го надгледувале тунелот, но никој од затворениците не дошол да продолжи да копа. Доскорешниот директор на затворот Идризово Шпенд Тахири за Телма вели дека наместо пофалба за поткритието добил политички отказ. Но затоа Тахири не може да потврди дали некој од вработените затворски службеници им помагал на осумтемината затвореници во филмскиот план за бегство.
„Дознавме на 15ти февруари дека е ископан тунел. Поставивме контрола и заедно со управата за извршување на санкции приметивме една локација со тазе бетон. Тунелот бил во една просторија каде осудените лица ја користеле за шетање. Постапката е од 01.03 до 17.03, а реализацијата беше на 21.03. Секој ден очекував да ме разрешат, но сепак си продолжував со работа. Тунелот е успех, а разрешувањето е политички реваншизам“, вели Шпенд Тахири поранешен диркетор на КПД „Идризово“
Но затоа познавачите со обвинување кон Тахири. Корупцијата цвета, а затворениците ги користат слабостите на системот, тврди поранешниот директор на управата за извршување на санкции.
„Се повеќе ќе излегуваат состојбите од контрола затоа што и зголемениот број на осудени лица и се помалку професионален кадар кој си ја знае и чесно си ја работи работата. Од друга страна раководниот кадар е се повеќе политизиран“, вели Виктор Цветковски поранешен директор на Управата за извршување на санкции