Коментари

Ако Јана имала инфаркт зошто не ѝ дале соодветна терапија, прашува д-р Алачка

Комисијата за стручен надзор вчера објави официјални информации за случајот со лекувањето на шестгодишната пациентка Јана Христовска во Клиничка болница Битола.

– Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Ова предизвика реакција кај д-р Дивна Алачка, која има 30 години стаж во Шведска, каде се пензионирала. Таа се сомнева дека има лекарска грешка при постапувањето со Јана.

– Значи Јана одела шест месеци по короната со микардитис без симптоми што можеле да укажат на тоа и по некоја случајност умира во рок од два часа баш кога ѝ даваат непотрена инфузија, и тоа без да се даде калиум и натриум. Значи тоа не било акутен миокардитис, туку хроничен, а тој дава јасни симптоми на слабо срце. Хроничен миокардитис поминува со благи симптоми и се лечи спонтано. А ако Јана дошла со слика на акутен, ургентен миокардитис, тогаш сликата на пациентот е иста како и кај слабо и проширено срце. Во тој случај се хоспитализира и се испитува понатаму, а не му се дава инфузија на лицето веднаш, вели д-р Алачка за „Фокус“.

Д-р Алачка појаснува дека тропонинот 1 кој бил со зголемени вредности во крвните анализи е маркер за срцев инфаркт.

– Велат дека тропонин 1 бил зголемен. Можеби е точно, ама тогаш докторите не препознале инфаркт и не ѝ ја дале адекватната терапија. Значи, повторно е грешка. Ама тропонинот секако бил зголемен бидеќи тие ѝ предизвикале инфаркт со тоа што ѝ го намалиле калиумот со гликозата. А калиумот под 3 дава инфаркт, исто и намален натриум, објаснува докторката.

На почеток