Магазин

„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на ‘пред’ и ‘после’ оваа слика“ – Лила објави фотографија направена 30 минути пред операција!

Водителката Лила Филиповска на својот Инстаграм профил објави моќна фотографија.

Имено, се работи за фотографија направена само 30 минути пред 5-часовната операција на канцер на дојка.

„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на “пред” и “после” оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка . Сосема спонтано направена од мојата другарка @annie_a_mark a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики . И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува . Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникит пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена. Кога хирург како др Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш. А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ !!!“, вели Лила Филиповска.

Инаку, познатата водителка пред само еден месец првпат јавно кажа дека имала рак на дојката и сподели како го поминала најтешкиот период во животот.

На почеток