Ахмети освен неколку куќи, има и вили во Албанија, тврди Лимани


Али Ахмети има неколку куќи, само една над 500 илјади евра, вели потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, во емисијата „ 200“ во Алсат.
За лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека е најкорумпираната личност во ДУИ и дека се збогатил илегално по војната. Според Лимани, Ахмети освен куќата и други имоти во Кичево, има и неколку вили на брегот на Албанија.
„Тоа што има вила во заливот Лалзи (Албанија) сведочат и познатите прислушувања. За тоа дека во Албанија има имот сведочи и документацијата дека на темелите на старата куќа има куќа која чини над 500 илјади евра. Тоа е факт. Дека ја купил земјата на чичковците пред и настрана од неговата куќа, тоа е факт. Факт е дека тој ги дислоцирал чичковците од постојните граници, од другата страна на Зајаc. Факт е дека има вила во Буковиќ. Дека неговото семејство (браќата и децата) го узурпирале сето земјиште во Буковиќ, тоа е факт. Тоа се докажува и може да се докажува и со друга дополнителна документација “, рече Фатмир Лимани во емисијата 200 на Алсат.
Лимани вели дека Ахмети не бил богат пред да дојде на власт. Kaко што кажа сите биле сиромашни и сите се знаеле.
