Свет

Обид за убиство врз бугарскиот јавен обвинител со бомба

Обид за убиство врз бугарскиот јавен обвинител со бомба


Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во моментoт додека се движел на патот Софија – Самоков.
Според неофицијални информации на БНТ, експлозивна направа експлодирала пред еден од конвоите. Според неофицијалните информации на медиумот, во еден од автомобилите бил и Гешев и станува збор за обид за атентат.
Инцидентот се случил околу 11:45 часот меѓу Самоков и село Ковачевци. Во инцидентот нема жртви, изјави на брифинг главниот секретар на бугарското МВР, Петар Тодоров. Состојбата се расчистува, на лице место се функционери на ГДНП, претставници на жандармеријата, ГДБОП. Формиран е штаб со сите служби, изјави тој.
Министерот-претседател Глиб Донев утре ќе оствари средба со службите на МВР. Таму ќе се сумираат информациите, а соодветно ќе се постапи, рече Тодоров.
Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.

На почеток