Актуелно

(ВИДЕО) Хаотична тепачка на аеродром во Приштина – боксови, клоци, пцуење

На аеродромот во Приштина „Адем Јашари“ вчера се случила тепачка во која учествувале повеќе лица.

На видеото објавено на фејсбук страница се гледаат неколку лица кои си разменуваат удари пред зградата на аеродромот.

Како што пренесува „indeksonline.net“, причина за тепачката е тоа што некој погледнал во нечија сопруга при пријавување.

„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирање“, ова според написите била причината за тепачката помеѓу две групи на аеродром.

Две лица се повредени на кои им била укажана лекарска помош, соопшти портпаролката на полицијата Флора Ахмети.

Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во тепачката се приведени во полициската станица.

На почеток