(Видео) Владиката Петар ја пушти телевизијата, на програмата имаше филм како Македонци бараат жени во Русија
Телевизијата „Вистел“ на Владиката Петар односно Петар Каревски, почна да зрачи во етерот. Една од првите содржини пуштени на програмата утринава е филм со Македонеци кои отишле во Русија да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и самиот Владика Петар, во сцена од црква, пишува „Макфакс“. На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“.
„Ќе идеме до Рио Де Жаинеро, таму било уште поинтересно. И последни ни е Албанија, нема кај да бегаме, таму ни е сигурна работата. Мислам по 500 евра и со здравје да си го носиме“, вели маж од Македонија во фулмот, емитуван на „Вистел“.
„Ако не ќе најдеме од Македонија“, вели еден од протагонистите во филмот, а друг враќа: „Јас дојдов тука во Русија да најдам девојка, не од Македонија“, реплицира другиот, па заедно ја пеат „Македонско девојче“.
Откако имале средба, мажите си раскажуваат за средбите со девојките кои ги имале.
„И овие што беа не беа лоши. Јас им кажав сакам да створам фамилија. Пак има надеж“, вели возрасен маж.
Се појавува и Владиката Петар, на сцена снимена во црква.
Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски односно Владиката Петар. Начинот на нејзино финансирање засега е тајна. Ќе емитува целодневна програма.