Свет

(Видео) Како изгледаше центарот на Загреб по уривањето дел од зграда

(Видео) Како изгледаше центарот на Загреб по уривањето дел од зграда


При уривањето скеле и дел од зграда на улицата Клаиќева во Загреб, што се случи околу 12.30 часот, оштетени се неколку автомобили, пожарникарите се на терен, но, според првичните информации, нема повредени.
На социјалните мрежи се прошири видео снимено веднаш по уривањето на скелето и дел од зградата.

$bp(“Brid_83027268”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1294136″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Станува збор за објектот во кој е сместен и Музејот на уметноста и занаетчиството, кој е реновиран по земјотресот.
Според директорот на Музејот, Мирослав Гашпаровиќ, сè уште не се знае што точно се случило, но тој во петокот бил на тој дел и се чинело дека сè е под контрола, не се насетувало дека нешто може да се случи.
„Тоа е ризик со вакви стари згради, не знам дали имало пропуст или не, тоа ќе треба да се утврди“, рече тој.
Претходно денеска, медиумите во регионот пренесоа дека скеле и дел од ѕид од зграда се урнаа во центарот на Загреб.

На почеток