Македонија

Судскиот совет го нема потребното мнозинство, процедура за разрешување не е предвидена, вели Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во телевизиско гостувње вечерва изјави дека не е предвидена процедура за разрешување на претседател на Судскиот совет.

– Согласно законот, точно е дека нема и не е предвидено разрешување на претседател на Советот, а факичката состојба е дека избраниот претседател нема мнозинство кое го загуби со седум гласа. Во вакви околности, тој претседател и ако продолжи да заседава со седниците на Судскиот совет, за ниту една точка нема да има потребно мнозинство. Процедура за разрешување на претседател не е предвидена. Во моментот, со самиот чин како е направен, а направен е многу лошо, денеска видовме дека тој претседател го нема потребното мнозинство и оваа состојба во која се наоѓа Судскиот совет и ако не се преземат мерки, авторитетот на Врховниот суд ќе влијае да се надминат овие состојби, рече Туфегџиќ во емисијата 24 Отворено на ТВ 24.

Адвокатот потенцира дека ако не се преземат мерки за оваа состојба во која се наоѓа Судскиот совет „авторитетот на Врховниот суд ќе влијае да се надминат овие состојби“.

На почеток