Македонија

Новинарите мора да работат професионално и одговорно и да бидат ослободени од секакви притисоци, вели Лога

Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе 3 Мај- Светскиот ден на слобода на медиуми на сите новинари, сниматели, фоторепортери , медиуми и медиумски работници .

„Новинарите мора да работат професионално и одговорно и да бидат ослободени од секакви притисоци. Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција и заштита на демократијата во сите сегменти од општеството. На граѓаните им се потребни точни, навремени и проверени информации. Само квалитетно, одговорно и етичко новинарство може да доведе до развој на демократијата, инклузивно и отпорно општество.. Апелирам, сите заедно да се спротиставиме на дезинформациите кои имаат за цел да создадат лажна слика во општеството и паника кај граѓаните”, порача министерот за правда Кренар Лога .

Со цел подобрување на состојбата, Министерството за правда преку законските измени за граѓанска одговорност за навреда и клевета овозможи да се гарантира слободата на изразување. Со овој закон драстичното се намалува висината на казните на медиумските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

Со измените на Кривичниот законик нападот врз новинар се казнува како напад врз службено лице.

Владата и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно , професионално и достоинствено извршување на новинарската професија

На почеток