Македонија

Стружанец без дозвола изградил станбен објект, инспекцијата бара да го сруши

Стружанец без дозвола изградил станбен објект, инспекцијата бара да го сруши


Стружанец бесправно изградил станбен објект и доградба, па сега инцпекциските надѕори му наложија да го отстрани.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Ш.(44) од струшкото село Заграчани поради постоење основано сомнение за сторено кривично дел „бесправно градење“. Тој, во текот на март 2023 година, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во Струга, без соодветна документација и одобрение од надлежен државен орган, неовластено извршил градба на станбен објект, а потоа извршил и доградба. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани започнатата градба и доградба на објектите“.
Текстот Стружанец без дозвола изградил станбен објект, инспекцијата бара да го сруши е превземен од МАКФАКС.

На почеток