Свет

НАТО на готовс: поморски вежби за одбрана на подводната критична инфраструктура од закани

НАТО на готовс: поморски вежби за одбрана на подводната критична инфраструктура од закани


Од 24 април, 1.800 луѓе и 12 брода на НАТО, вклучувајќи ја и шпанската фрегата “Алваро де Базан“, се мобилизирани за интензивна и предизвикувачка обука на површина од 200.000 квадратни милји во Северниот Атлантик, пренесува „Еурактив“.

„Шпанија е подготвена да ја брани територијата на НАТО во секое сценарио“, вели Хесус Вињас Барсиела, капетан на „Алваро де Базан“, која учествува во вежбите на НАТО за справување со заканите за критичната подводна инфраструктура во моментот е закотвена во пристаништето во Рејкјавик.

Претходно во февруари, холандското воено разузнавање ја обвини Русија дека го мапира холандскиот систем за снабдување со енергија од Северното Море за да ги утврди можните точки на кои дистрибуцијата може да биде прекината, што може негативно да влијае на ветерниците, интернет каблите и гасоводите.
Вињас Барсиела ја истакна важноста на годишната подморничка вежба на НАТО, наречена „Динамичен мунгос“.
„Ова се еминентни анти-подморнички маневри“, објасни Вињас Барсиела по две недели работа во областа од голем стратешки интерес меѓу Норвешка и Исланд.
За време на вежбите, учесниците учат како да се справат со заканите по критичната подводна инфраструктура, чија интензитет се зголеми по руската инвазија на Украина.
„Подморниците имаат голема предност под вода бидејќи се способни да детектираат, лоцираат и следат на долги растојанија. Прво треба да можеме да им го одвлечеме вниманието, а потоа да маневрираме за да им го свертиме вниманието кон другите бродови, а не кон нашата скапоцена единица,“ вели тој.
Постојаните поморски сили на НАТО, СНМГ1, бараат постојано и видливо ажурирање на солидарноста и кохезијата.
Настојуваме да си ги подобриме способностите на индивидуално и на колективно ниво во одбраната против подморници и оваа вежба испраќа порака дека сме подготвени да дејствуваме во секое сценарио“, рече тој.
„Капацитетите не се само материјални – тука се нашите екипажи кои се во тек со техниките, тактиките и процедурите, што, како и технологијата, се надградуваат многу брзо“, вели Вињас Барсиела.
На прашањето како руската агресија врз Украина влијае на улогата на Шпанија во НАТО, Вињас Барсиела истакна дека целта на алијансата секогаш била да ги спречи заканите преку одвраќање.
„Овде се обидуваме да спречиме тоа да ѝ се случи на нашата земја. И не само поради она што се случи во Украина“, рече тој.

На почеток