Јоци за Арсовска: Цело Скопје и е затнато, што мисли да прави околу алтернативно отворање на мостот кај Керамидница кој го изгради Шилегов?
Јорданка Ивановска Јоци ја искоментира изјавата на градоначалничката на Данела Арсовска во која таа вели дека мостот Беласица зависи од институциите кои прават проценка на безбедноста, а не од Градот Скопје.
„Цело Скопје и е затнато, по затворање на мостот кај Транспортен центар – од Чаир, преку Мавровка до Центар секој ден е катаклизма!
Искача Dan€la на ТВ21 и вели цитат – ,,не зависи од Град Скопје колку ќе биде затворен мостот ,,Беласица”⁉️
Зависело од институциите кои правеле проценка на безбедноста⁉️
Добро, еве ,,институциите” за некое време ќе речат ,,треба санација” и од кого ќе зависи колку ќе биде затворен? Секако, од Dan€la.
Мостот е целосно во надлежност на Град Скопје, го изгради Р.Пенов, иако невестава сака да купи време и да звучи дека не е. И доколку треба да се санира, тоа ќе го прави Градот, не ,,институциите кои прават проценка”.
Туку, во моментов, поради затворање на овој исклучително важен мост, единствена преостаната сообраќајна врска на Југ со Скопје – Север, Гази Баба и излезот од градот е – бул. Кочо Рацин и крстосницата кај ,,Мавровка” – каде неколку дена сообраќајот е апокалиптичен.
И ќе продолжи да биде сé до санација на мостот и негово отворање за сообраќај.
Колоната почнува од Џон Кенеди во Чаир и бидејќи сé е затнато, луѓето до Центар патуваат еден час.
Прашањето е, што мисли да прави градската власт околу алтернативно отворање на мостот кај #Керамидница кој го изгради Шилегов?
Ова прашање треба да заврши на седница на Совет, патем.
Тоа би било идеално решение како замена за мостот ,,Беласица”.
Не може Dan€la вечно да дава изговори како имало имотни проблеми и да си игра шљакање асфалт низ Скопје, а кога ќе се ,,умори од одморот”, да се шета по телевизиички“, се вели во објавата.