Македонија

Беровчанец си ја запалил куќата додека семејството му било внатре

Беровчанец си ја запалил куќата додека семејството му било внатре.

На 17 март годинава во село Митрашинци, беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д.(21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На почеток