Актуелно

ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје до хаос и банкрот, Советот има обврска да расправа, вели СДСМ

Невиден хаос му се случува на Град Скопје и единствени виновници за тоа се градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партијата што има мнозинство во Советот и во управните одбори на градските јавни претпријатија, вели СДСМ.

„Поради нивната неспособност, неодговорност и расипништво, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот.

Над 100 милиони евра се потрошени, не е реализиран ниту еден капитален проект, а буџетската сметка на Градот е празна.

ВМРО-ДПМНЕ упорно го игнорира овој проблем и не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје.

На градот му се заканува банкрот и Советот има обврска да расправа за лошата финансиска состојба.

Сите предуслови за вонредна седница се исполнети и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател на Советот, мора да закажат седница.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, се вели во соопштението.

На почеток