Главниот оперативен директор на „Бетахаус“, еден од клучните чинители на берлинската стартап-сцена, ќе учествува на ексклузивна презентација на бизнис-идеи од страна на македонски стартап-компании.
Избраните 10 до 12 стартап-компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, во просториите на ИНОФЕИТ, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, ќе може да ги презентираат своите идеи пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“.
Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на „Betapitch Global & Investors Day“ на 15 ноември 2018 во Берлин, каде што ќе може да ја презентира својата идеја-продукт пред германската индустрија и да изгради деловни односи со стартап-скаути од сите поголеми германски мултинационални компании