Поплавените улици и куќи во Гостивар се исчистени, велат од ЦУК
Од
Објавено на
Ситуацијата во Гостивар е смирена, штетите од големото невреме што го зафати градот се санирани, информираа доцна синоќа од Центарот за управување со кризи.
Надлежните екипи се повлекле од теренот по 20 часот. Силно невреме што вчера попладнето ги зафати Велес и Гостивар поплави голем број улици, а поплавени беа и неколку домови.
Според информациите на терен, во Гостивар, најмногу пријави за штети има во населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.
Невремто предизвикало и краткотраен сообраќаен хаос. На повеќе места обилните врнежи предизвикале и помали одрони на земјиштето кои исто така со помош на механизација биле санирани.