Актуелно

Сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

На почеток