Хаварија на системот за водоснабдување во Росоман, земјоделските култури пред огромен ризик, вели Левица
Политичката партија Левица на социјалните мрежи објави фотографии до системот за водоснабдување во Росоман. Тие велат дека има хаварија на системот и земјоделските култури се пред огромен ризик.
„Според сликите од терен, може да се види дека хаваријата на водоснабдителниот систем е огромна и тешко поправлива во блиско време.
Само за потсетување, на крајот на месец мај и почетокот на јуни, започнува интензивно полевање на овошните насади и градинарски култури.
Штетите ќе се бројат во милиони денари, a 30 години неодговорност на политичарите за се што е државно и корисно за народот, не’ донесе до вакви очајни состојби.
Водостопанство АД наместо да служи и биде во функција на земјоделецот, користи исклучиво за вработување на ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИИ.
Резултатот се вакви огромни хаварии кој ќе штетат на земјоделието во Македонија.
Најголемите виновниците за новонастанатата ситуација повторно ќе се препукуват по медиумите, а земјоделецот ќе биде препуштен сам да се снаоѓа.
Левица апелира локалните власти од СДС заедно со централната власт, повторно од СДС, што побрзо да го решат овој проблем, бидејќи секој одминат ден значи нанесување штета по тиквешкиот земјоделец“, се вели во објавата.