Окта за пожарот во Гевгелија: Безбедноста не е нарушена
Од
Објавено на
Oд Окта велат дека денеска околу 14 часот, од засега неутврдени причини кои во моментов се истражуваат, дошло до опожарување во просториите на маркетот во состав на бензинска станица ОКТА која е во сопственост на нивни партнер, лоцирана во Гевгелија.
Со ефикасната интервенција на локалната противпожарна екипа, пожарот е веднаш изгаснат, со што е спречено негово проширување.
„Додека се чека официјалниот извештај од надлежните органи, увидот на лице место укажува на тоа дека безбедноста на бензинската станица, на вработените во објектот и на потрошувачите, не е нарушена од овој инцидент“, наведуваат тие.