Мицкоски: Ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува пакт против ДУИ.
Вели дека ова е историски момент за обединување на македонскиот блок.
„Имаме премиер кој ДУИ го држи во заложништво, а токму тие се вистинските газди во владата, газди на криминалот и господари на туѓите судбини. И затоа ви велам дека ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за да ДУИ после 20 години власт да оди во опозиција. И ова не го зборувам затоа што на овој начин сакам да го градам својот рејтинг, и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како што тие луѓе од раководството на ДУИ јавно го зборуваат. Ова го зборувам затоа што верувам во тоа. Кога тие ќе заминат во опозиција, ќе ѝ се раздени на Македонија. Кога тие ќе заминат во опозицијата ќе нè биде. Повторувам ова е пакт за национално единство со некриминализирани сегменти од општеството. А криминалците од сегашната влада ќе одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам“, рече Мицкоски.
Тој вели дека власта нема план што понатаму по неуспехот на уставните измени. Мицкоски често ја критикува ДУИ, а од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ нема став и е заложник на Левица.