Нови дојави за бомби во училиштата во Црна Гора
Неколку црногорски училишта и градинки добиле извештаи за подметнати бомби утринава, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку е-пошта.
Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити по изборни предмети за учениците од деветто одделение.
Пријавите пристигнале околу пет часот утринава на адресите на неколку основни училишта во Подгорица. Закани добија и училишта во другите градови.
Неколку црногорски училишта, како и Собранието, Вишиот суд и општините вчера добија закани за бомби. Наставата не се одржуваше, а зградите беа веднаш евакуирани.
Управата на полицијата на Црна Гора вчера извршила увид на објекти за кои биле добиени пријави за поставени експлозивни направи. Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни.