Коментари

Ако и овој пат не нѐ послушате порано или покасно ќе Ви се случи АСНОМ, доктор Беќаровски со предлог до Мицкоски и Ковачевски

Докторот Нико Беќаровски, на својот Фејсбук профил објави предлог до лидерите на двете најголеми македонски политички партии во земјава.,

„Почитувани партиски Претседатели на СДСМ г-дине Димитар Ковачевски и на ВМРО-ДПМНЕ, г-дине Христијан Мицковски
Еве Ви еден НЕПАРТИСКИ компромисен предлог за да излезете двајцата како победници.
1.Усвојте ги Уставните измени веднаш, кои ќе важат веднаш но со одреден временски рок.
2. Ако до 31.12.2029 година Македонија стане полноправна членка на ЕУ измените автоматски стапуваат без временски рок.
3. Ако до 31.12.2029 година Македонија не стане членка на ЕУ по автоматизам овие уставни промени, НО И ПРЕСПАНСКИОТ договор стануваат НИШТОЖНИ и Македонија си го враќа своето уставно име Република Македонија.
4. До завршувањето на преговорите дејствувајте како коалиција, за да нема никакви опструкции.
Со овие четири услови и ЕУ и Бугарија и Грција ќе бидат стимулирани навремено да ги завршиме преговорите, а “камшикарите” стимулирани пожестоко да не удираат по грбот.
Ако и овој пат не нѐ послушате порано или покасно ќе Ви се случи АСНОМ (Апартиски Сојуз за Национална Обнова на Македонија), а Вие ќе завршите на заслуженото место.
П.С. Знам дека предлогот ќе Ви се допадне и на многу членови на двете партии, ама од пусти страв да не Ви се налути лидерот ќе си проќутите“, се вели во соопштението.

На почеток