Војската треба да се подготвува за вооружена борба, а не да биде чувар на затвори, вели Ковачки
Вчера од собраниска говорница, јавно предупредивме дека имаме информации дека единици на АРМ се подготвуваат за употреба надвор од своите Уставни и законски надлежности, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, очигледно е дека ДУИ и СДС се толку забегани и одлепени од реалноста што ниту слушаат што им зборуваат народните избраници, ниту ги интересираат Уставот и Законите.
Имено, во недостаток на затворски чувари кои редовно “бегале” на боледувања, власта на ДУИ и измеќарите од СДС дошле до генијална идеја – да прогласат кризна состојба за подрачјето на затворот Идризово (Гази Баба).
Согласно таа одлука на Владата која е во времетраење од 30 дена, следи одлука на Министерот Славјанка Петровска:
Затворите однадвор ќе ги обезбедува – кој друг ако не единици на АРМ (!?) Неверојатно!!!
Значи неспособноста во менаџирањето со човечки ресурси го покриваат со прогласување на кризна состојба и ангажирање на војници за да ги чуваат затворите. (!!!)
Ај што во развиените демократии војската не смее да се употребува за внатрешни состојби, ај што истото е исклучително проблематично во делот на употреба на сила (војската нема гумени палки или лисици за да апси туку има огнено оружје), ај што на Славјанка Петровска нема кој да и’ каже дека војската треба да се подготвува за вооружена борба, а не да биде чувар на затвори, ама ме изненадува г-динот Пендаровски кој како врховен командант на НАТО армија, потпишал наредба војниците да ги чуваат затворениците.
Овие преседани што ги прави Владата на ДУИ и на СДС, со прогласување на кризна состојба на одреден реон за потреби на Владата во која Претседателот дозволува ЗЛОУПОТРЕБА на АРМ на било кој дел од територијата на МКД, претставуваат пракса и можат да бидат злоупотребени и за други активности кои ним им се чинат за потребни.
*А за тоа кој и зошто го распадна системот, односно ја доведе состојбата до степен да мора да се прогласи кризна состојба (за која лично сметам дека е поради неспособност и висока корупција), ќе поразговараме после промената на власта.
#Дилетанти
#Неспособни
#ЈаПонижуватеВојската“, стои во објавата.