Актуелно

За неколку дена собрани средства за лекување на Кико во Турција

Во последната објава на социјалните мрежи јутјуберот Стефан Лазаров информираше дека се обрани средствата за лекување на Кико во Турција.

„Парите за Кико се собрани!!!!
Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат…

Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце“, напиша Лазаров.
Претходно, пак, беше објавено дека за идната недела ќе се организира концерт на кој неколку естрадни ѕвезди ќе пејат за Кико.

На почеток