Актуелно

Вработен во „Идризово“ му отворил на затвореник да побегне

МВР поднесе кривична пријава против вработен во затворската полиција во „Идризово“, затоа што му отворил врата на затвореник за да побегне на 18 мај додека бил на смена.

До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против И.П.(45) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.

„Имено, И.П. во својство на службено лице-затворски полицаец при КПУ-КПД Идризово Скопје, на 18.05.2023, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му истиот да избега од КПУ Идризово“, гласи опишаниот случај на МВР.

Со тоа И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување.

На почеток