Свет

Спречивме напад со дронови врз московскиот регион, соопштија Русите

Спречивме напад со дронови врз московскиот регион, соопштија Русите


Руското министерство за одбрана соопшти дека е спречен украински напад со дронови врз московскиот регион и дека сите три дрона биле соборени.

„Денеска е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз цели во московската област со три беспилотни летала“, се вели во соопштението,  пренесува агенцијата РИА Новости.

Според руското министерство, во неуспешниот напад нема жртви или материјална штета.
Во соопштението се додава дека дроновите биле оневозможени со електронски средства, по што изгубиле контрола и паднале.

На почеток