Коментари

Премиерот можеби не може да делува на Мерко, но мора да има став јасен како ден по тоа прашање, вели Куновска

Софија Куновска, која е дел од владејачката СДСМ, на фејсбук истакна свој став околу ситуацијата со стушкиот градоначалник, Рамиз Мерко и ставот на премиерот, Димитар Ковачевски.
„ Замрзнувањето на партиските функции на Мерко треба да ни испрати порака дека партијата не смее да си го руши угледот и да трпи штета во партиските редови од несовесното поведение на истиот, за разлика од местото во државата на кое тој може слободно да си продолжи како и до вчера со делувањето иако е веќе личност од црната листа на САД осомничен за тешки злоупотреби. Тоа што државата губи углед и што материјалната штета е на сметка на граѓаните, актуелната власт не ја интересира.
Премиерот можеби не може да делува на Мерко и да го принуди да поднесе неотповиклива оставка, но макар и на вербално ниво, мора да има став јасен како ден по тоа прашање, дека човек од црна листа не може да продолжи натаму на чело на единица на локална самоуправа како и до вчера.

За тоа дали премиерот треба и Републичкиот јавен обвинител да го повика да си понесе одговорност има уште некој ден на располагање. Па тој нека го повика следниот по него за кој смета дека е одговорен и така натаму до крај“, напиша таа.

На почеток