Коментари

„Самото искуство на породување во државна е ненормално“, „Се чувствуваш како да си стока во штала“, пациентки на ГАК со страшни сведоштва

Докторот Ненад Лазаров, се огласи на Фејсбук по страотниот случај вчера, кога родилка се обиде да се самоубие, фрлајќи се од првиот кат од скопска Гинекологија.

Тој вели дека психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество.

На овој негов статус се огласија жени кои раѓале на Клиниката за гинекологија и акушерство, со своите негативни искуства.

На почеток