(ВИДЕО) Просидба среде судењето за Рашковски, обвинет ја убедуваше судијката дека нема да избега
Од
Објавено на
Обвинетиот Даниел Станчев ,за да ја убеди судијката Фанка Јанчулева-Mихаиловска дека нема да бега, ја побара за жена обвинетата Ирена Ивановска.
„Тоа што е земено за околност дека ќе се дадам во бегство како неженет, јас со моето срце во овој момент ја прашувам Ирена Ивановска: ‘Дали ќе се омажиш за мене? Дали по осум години можам да ти го понудам моето срце? Јас ќе бидам до тебе. Тоа е единствена причина што останав во оваа држава тука’“, праша Станчев.
Ивановска прифати и рече дека ќе се омажи за него, а судијката им честита. Таа им посочи дека има и други околности по кои се одлучува.