Коментари

Цената на електричната енергија ќе биде околу 0 денари поради вишоци, а мрежарината ќе биде многу висока, вели Манасков

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека оваа зима затоплувањето на домовите и компаниите ќе биде најевтино доколку на ЕВН му се одземе тоа што не е негово и врати на државата.

„Оваа ЗИМА 2023 година, најевтино или бесплатно затоплување на домовите и компаниите, ќе биде на електрична енергија доколку мрежарината се укине т.е. доколку на ЕВН Монополот му се одземе тоа што не е негово и врати на државата…!!!
Цената на електричната енергија ќе биде околу 0 денари поради вишоци на ел.енергија, а мрежарината ќе биде многу, многу, многу висока.
Втора варијанта евтина ја имаат тие што ,,не,, купуваат огревно дрво !!!.. А такви ги имаше многу последниве години поради енергетската криза, само треба да пазат да бидат бележани дрвата …
Трета варијанта ќе биде затоплување на плин… Цената за плин се предвидува уште да паѓа …“, стои во објавата.

На почеток