Коментари

„Не држеа како крадци 40-тина минути, со три деца во автомобилот на 43 степени“, српски туристи за непријатно искуство на бензинска во Македонија

На популарната Фејсбук група „Во живо од Грција“, администраторите споделија предупредување до српските туристи кои на враќање од одморот во Грција, наводно доживеале непријатно искуство на бензинска пумпа во Северна Македонија.

„Би сакала да ги известите нашите патници кои ќе патуваат низ Северна Македонија да внимаваат на бензинските пумпи, колку гориво точат, што наплаќаат и да побараат сметка“, изјавила жената, а потоа напишала за непријатностите што ги доживеала нејзиното семејство кога застанале на бензинска пумпа на пат за Србија.

„Полневме гориво, ја платив сметката во евра и после тоа купив чипс за денарите што ми останаа како кусур кога отидовме во Грција и наполнивме гориво… На споменатата бензинска пумпа паузиравме околу 10 минути и кога сакавме да тргнеме, не запреа и рекоа дека горивото не сме го платиле. Веднаш отидов кај касиерката да го разрешам недоразбирањето, но таа рече дека купив само чипс, па дури и ме нападнаа дека ја немам сметката што ми ја дадоа. Не добив сметка за гориво или чипс.

Побарав да дојде менаџерот и да се вратат камерите… Влезе човек кој не се легитимира и рече дека ќе повика полиција, но и Србија. Веднаш се договоривме да повикаме полиција и сепак баравме да ги вратат камерите“.

„Не држеа таму како крадци 40-тина минути, имав три деца во автомобилот на 43 степени, бебето си го пикна прстот во лименка и го пресече додека се расправавме со нив… Без претерување, беше многу болно, а за непријатноста нема да зборувам бидејќи сите што дојдоа на пумпата гледаа. После 40-тина минути само излезе касиерката и рече: „Извинете грешка, не ја исфрлив сметката!“ Тој менаџер или што и да е не ни зборуваше, ниту се извини… Не знам ни дали ги вратија камерите и дали е грешка или е финта, па каде може, да се наплати двојно. Досега никогаш не сме имале непријатно искуство патувајќи низ Македонија, но овде ова ми беше навистина ужасно. Жал ми е што одолговлекував, но би сакала да можам некако да влијаам никој да не го доживее тоа што го доживеавме ние“, нагласи таа.

Во коментарите потсетија дека поради ваквите ситуации најдобро е плаќањето на картичка и дека секогаш треба да барате сметка. Излегува дека има многу жртви на слични измами.

Нова.рс

На почеток