Локализиран е пожарот кај Демир Капија.
Пожарот го гаснеше територијалната против пожарна единица, а на помош беше испратен и едниот од двата хеликоптери на МВР.
„Хеликоптерот со ведро од 3 тона дејствуваше во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија“, информираше првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Вториот хеликоптер на МВР заедно со авионот на Дирекцијата за заштита и спасување попладнево се упатија во Гоцевата шума во Неготино каде избувна многу силен пожар. Огнената стихија предмалку беше ставена под контрола.
Макфакс