Пратеникот Фадиљ Зендели од БЕСА: Поднесувам оставка ако ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на „20 отсто“ од Уставот
Единствениот пратеник од БЕСА, Фадиљ Зендели, на социјалните мрежи напиша дека ќе поднесе оставка од функцијата ако ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20 отсто во Уставот, односно бројката да се замени со „албански јазик“.
Неговиот статус следи откако претходно денес, лидрот на ДУИ, Али Ахмети објави дека сите министри од ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски ги депонирале своите условени оставки, кои ќе стапат во сила тогаш кога опозицијата ќе ги гласа уставните измени.
Потегот на ДУИ се случува два месеца откако првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската средба со Ковачевски, меѓудругото кажа дека ќе ги поддржат уставните измени ако интегративците ја напуштат Владата.
Макфакс