Усман Дембеле ќе ја напушти Барселона. „Лекип“ пишува дека францускиот репрезентативец одлуката ја донел кога дознал дека Барселона, заедно со Гави, им го понудила на ПСЖ во замена за Килијан Мбапе. Според овој извор, Дембеле со ПСЖ, за двојно поголема плата од онаа што ја има во Барселона, договорил петгодишен договор.
Менаџерот на ПСЖ ја известил ЛА Лига дека овој трансфер ќе биде реализран во наредните денови, односно кога Дембеле ќе се врати од САД, каде се наоѓа на подготвки со Барселона.
За да биде реализиран трансферот, ПСЖ до вечерва на полноќ, мора да ја активира откупната клаузула која изнесува 50.000.000 евра. Од оваа сума само 25.000.000 евра ќе и припаднат на Барселона, остатокот ќе го поделат Дембеле и неговиот менаџер.
Со понудата за Мбапе, Барселона си постигна авто-гол. Не само што ќе остане без Дембеле, туку сега ќе мора да се активира на трансфер пазарот за да ја пополни неговата позиција.
Францускиот репрезентативец е член на Барселона од 2017. Шпанскиот клуб на Борусија Дортмунд и плати вкупно 135 милиони евра. На 185 натпревари за Барса, тој постигна 40 и забележа 43 асистенции.
Макфакс