Македонија

Ласкоска: Македонскиот амбасадор во Јапонија бил пријавен неколку пати дека сексуално нападнал жени

Ласкоска: Македонскиот амбасадор во Јапонија бил пријавен неколку пати дека сексуално нападнал жени

ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со ново тврдење за мега скандал што се случил во македонската дипломатија, заради лошите кадровски политики на власта.

dobivaj vesti na viber

„Личниот пријател на Никола Димитров, а особено близок на претседателот Пендаровски и амбасадор на Република Македонија во Јапонија и на Бујар Османи, Горан Цеков извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за кој е пријавуван неколку пати“, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ласовска.

Јапонската државјанка го пријавила Цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко што истиот тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и негова колешка од ДКП-то во Јапонија за кого било алармирано во МНР неколку пати, но никој не превземал ништо! Амбасадорот е вратен во земјата но поминува, само со мерка враќање назад“, вели праетничката.

„Во сериозни држави каде не владеат антидржавни ентитети како СДС и ДУИ, вакво тешко дело, најмалку се казнува со одземање на амбасадорското звање, престанок на работниот однос во МНР, оставка на министерот и хиерархиски казни за сите кои молчеле три месеци за нападот врз жените“, изјави таа.

Пратеничката упати клучни прашања до власта:

1. Дали скандалот е прикриван неколку месеци заради неговите лични релации со Претседателот Пендаровски?

2. Дали на Цеков ова му е прв ваков сексуален напад?

„Согласно законските прописи, сексуалното вознемирување е кривично дело, овој господин треба и кривично да одговара“, додаде таа.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ побара од Бујар Османи да ги изнесе јавно сите детали од извештајот за дисциплинската комисија каде се наведени сите детали за овој чин.

Макфакс

На почеток