Коментари

„Ваквите сомнителни случаи не трпат годишни одмори, ќе разбери целиот свет, дури и до Стразбур ќе стигнам, вели родилката од Битола

Во Институтот за Судска медицина конечно стигнати се наодите од обдукцијата за починатото новороденче, кое пред безмалку четири месеци почина во битолската Клиничка болница, само по два часа од породувањето. Меѓутоа, резултатите од вештачењето, најрано можат да се очекуваат дури во септември, зашто во тек биле годишните одмори.

Родилката Викторија Крстевска, денеска повторно објави статус на Фејсбук.

“Би требало до септември да го завршиме вештачењето“…
Би требало и моето бебе да е живо сега и да бидам најсреќната мајка. Но, за жал.. Не е така.
Најранетата птица сум во моментов. Мајка.. но моето дете е на небото.
Ви треба време се разбира, додека се годишни одмори да се фатат пријатели.. некоја врска, партија, тато, мама..вујче владика. 💰💸💵💲
Ова го нема никаде!
Ваквите СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ, не трпат годишни одмори! Не трпат месеци! Ама во нашето продадено државиче, се трпи. Не знам кај ќе ви оди душата.. без трошка осет.
И што..?
Само ви ветувам дека овој случај нема да го заташкате како што си знаете.
Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë
Јзу Клиничка Болница Битола
Не бил Таче, Маче, Грујо…
Ќе разбери целиот свет.
Па дури и до Стразбур ќе стигнам!
Ама нема да ве оставам!
До последен здив“, вели Крстевска.

На почеток