Нов пожар избувна на патот Штип – Радовиш, а како што информираат од ЦУК гори нискостеблеста шума, грмушки и трева.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека добиле пријава за пожар на отворено на патот Штип – Радовиш, на излезот на Штип близу затворот.
Екипите на ТППЕ Штип се на терен. Пожарот се шири лево и десно од патот кон село Драгоево, после затворот.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, апелира до населението да биде исклучително внимателно за да не се предизвикаат пожари.
Како главни причини за избувнувањето на пожарите Ангелов ги посочи палењето оган и скара на отворено, палењето стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат што искри и за кусо време може да предизвика огнена стихија.
Макфакс