Митровски: Поради алчност да се поткраде што е можно повеќе модуларните болници се градени фушерајски со евтин лесно запалив материјал
Како биле градени модуларните болници низ Македонија, од кои и тетовската која изгоре до темел сосе 14 пациенти, истражуваше ИРЛ. Документарецот го опфаќа спроведувањето на тендерот од Министерството за локална самоуправа, кое поради неправилности го поништува. Го следи објавувањето на нов тендер со иста спеицифкација од Министерството за здравство, но и лицето кое ја правело техничката спецификација.
Во врска со овј документарец на социјалните мрежи се огласи адвокатот Јанаки Митровски.
„Сумирано поради алчност да се поткраде што е можно повеќе модуларните болници се градени фушерајски со евтин лесно запалив материјал. Лесна им земја на 14 наши сограѓани, правда нивните семејства за жал нема да видат!!!!
П.С. Републичкиот обвинител наместо да биде итно разрешен бесрамно чека да го изберат во Уставен за со Кацарска и Васиќ да го доокупираат Уставен под диктат на власта“, стои во објавата.