„Барби“ на големо ги врати спорадичните кинољубители назад во кината, покажа новото истражување на сервисот за следење податоци за филмови „Кворум“ (The Quorum).
„Кворум“ анкетираше 1.800 купувачи на билети за „Барби“ во САД во текот на изминатите три недели, меѓу нив, 11% не се сеќаваат на последниот филм што го гледале во кино. Други 11% рекле дека „Барби“ е првиот филм што го гледале во кино од почетокот на пандемијата во 2020 година. Тоа значи дека 22%, или близу една четвртина од анкетираните гледачи, најверојатно го прескокнале „Аватар: патот на водата“ и „Топ-ган: Маверик“, меѓу другите популарни киноизданија по пандемијата, но ги привлече маркетинг машината на Барби феноменот – оживеаната верзија на познатата кукла од компанијата за играчки „Мател“.
„Кворум“, кој го истражува интересот на потенцијалните филмски гледачи за претстојните филмови, проценува дека 22% од вкупниот број купувачи на билети е приближно 9 милиони луѓе кои стапнале во мултиплексот за да го гледаат „Барби“. Во меѓувреме, 46% од испитаниците рекле дека одат во кино „постојано“, додека 32% одат „понекогаш“.
Макфакс