Коментари

„Нашава е една од најлошите клетви: Да имаш, па да немаш!“, коментар на денот по инфото за поскапувањето на сирењето

По веста дека сирењето поскапува за 30%, професорката Тамара Јованов упати критика.

„Сирењето ќе поскапи за 30%, бидејќи нема работници и млади кои сакаат да се занимаваат со сточарство, па сточарите се приморани да ги преполовуваат стадата и не се во можност да произведуваат поголеми количини.
Додека се занимаваме со желбите на Бугарија и со сонување дека ЕУ некогаш во неодредена иднина “ќе не’ храни”, во меѓувреме ни се оставени да пропаѓаат:

Земјоделие, сточарство, природни ресурси, малите бизниси, здравство, образование, младите… ју нејм ит!
Кога ќе ни текне дека сами треба дома да си ги создадеме неопходните услови за живот, без да зависиме целосно од странците, тогаш можеби ќе може да се надеваме дека ќе имаме некогаш пак достапни за јадење леб, сирење, пиперки, домати, лубеници… Нашава е една од најлошите клетви: Да имаш, па да немаш!
За 30 години самостојност, политичарите кои се изредија по 15 години едните и другите, успеаја само клетвава да ја реализираат на дело.

Имавме, сега нема што немаме!“, напиша Јованов.

На почеток