Оценката на министерот Бесими не се совпаѓа со објавениот скрининг, вели Хајредини


Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, повторно со директна критика до владините претставници. Овој пат своите укажувања ги насочи кон неговиот така наречен „наследник“, односно актуелнито министер за финансии, Фатмир Бесими.
Хајредини, прво го цитира Бесими, за неговата изјава со која посочува оти јавните финансии се солидни, а потоа потенцира оти актуелниот министер и извештаите на Европската комисија се разидуваат.
– Бесими: ЕК укажува дека јавните финансии се солидни, како резултат на подобрувањата кај фискалното управување и дисциплина во последните години.
Ако ова е точно, тогаш оценката на ЕК и на министерот Бесими не се совпаѓа со онаа што се содржи во објавениот скрининг извештај “… дека корупцијата е широко распространета во многу области на јавниот и финансискиот живот и предизвикува и натаму сериозна загриженост во ЕК” – напиша Хајредини на Фејсбук.
