Македонија

Владата предлага измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со кои полесно ќе може да дојдете до сопствен дом

Владата на РМ предлага измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка.

Со измените се предвидува намалување на трошоците за субвенционираните кредити, се воведуваат нови модели и поволности за субвенционирање, се олеснуваат условите за отплата на кредитот, се прецизираат условите кои барателите треба да ги исполнат за добивање на субвенциониран станбен кредит и се обезбедува поправична употреба на јавните средства, со цел проектот да продолжи да се реализира во наредниот период и подобро да ги задоволи реалните потреби на што поголем број граѓани за обезбедување на сопствен дом.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит се утврдува износ на субвенција, и тоа на следниот начин:

– При купување на нов стан, покрај постојната можност за субвенционирање на 50% од ратата во првите пет години од отплатата на кредитот или 50% од учеството, но не повеќе од 6.250 евра, за лицата до и со наполнети 35 години (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години) се обезбедува субвенција во износ од 70% од ратата во првите пет години од отплатата или 70% од учеството за станот, но не повеќе од 8.750 евра,

– за изградба/купување на нова куќа, субвенцијата изнесува 80% од ратата во првите пет години од отплатата на кредитот или 80% од учеството за кредитот, но не повеќе од 10.000 евра, додека за лицата до и со наполнети 35 години возраст (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години), субвенцијата изнесува 60% од ратата во првите три години, 50% од ратата во следните пет години и 40% во последните три години од отплатата на кредитот, или 100% од учеството од кредитот, но не повеќе од 12.500 евра, и

– за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа, субвенцијата изнесува 75% од ратата во првите 5 години од отплатата на кредитот или 75% од учеството, но не повеќе од 9.375 евра, а за лицата до и со наполнети 35 години возраст (а во брачна заедница едниот брачен другар да е до и со наполнети 35 години), субвенцијата изнесува 50% од ратата во првите три години, 40% од ратата во следните пет години и 30% во последните три години од отплатата или 100% од учеството од кредитот, но не повеќе од 12.500 евра.

Критериуми за избор на корисниците на субвенциониран кредит преставуваат висината на вкупните приходи на барателот, односно вкупните приходи на барателот и неговиот брачен другар и висината на бараниот кредит, при што предност имаат барателите со пониски приходи и барањата на помал износ на кредит.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток