Уапсениот на вчерашните протести доби казна, па објави порака: Алал нека ви се
Од
Објавено на
Прекршочна казна од 50 евра доби Јован Јанев, активист на Левица кој вчера беше уапсен на протестите за случајот „Онкологија“. Тој испишувал графит на јавна површина, што за полицијата било доволно да го уапси.
„50е казна за студентите злосторници. Алал нека ви се!“, напиша казнетиот Јанев.
Тој беше ослободен вчера доцна во вечерта. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев чинот на апсење го карактеризираше како дно и притисок.