Охрид

Нашата татковина е многу повеќе од карта на мапа, таа е идентитет и историја, потсетува Пецаков

„8-ми Септември е симбол на Македонското единство, независност и слобода. Ова е ден кога ја славиме нашата национална храброст и нашата определеност за сопствена држава“, се вели во честитката на Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид.

Тој додава: Овој празник е ден за заедничка радост и споделување на вредностите кои нè обединуваат како народ и треба да не потсети дека сме сплотени во различностите и посветени на развој и напредок. Овој ден е паметник на сите оние кои дале значаен придонес во развојот и градењето на нашата држава. Нивните достигнувања и дела треба да бидат вечни извори на инспирација за сите нас.

Драги сограѓани, нашата татковина е многу повеќе од карта на мапа, таа е идентитет и историја, кои треба гордо да ги чуваме и вреднуваме. Да продолжиме заедно да бидеме посветени на вистинскиот пат кон подобар иднина за новите поколенија. Нека е честит и вековит 8-ми Септември и нека е вековита нашата Република Македонија.

На почеток